„Подлиот јас 4“ прв анимиран серијал со над 5 милијарди долари заработка

Цртаниот филм „Подлиот јас 4“ (Despicable Me 4) доминира на светските киноблагајни, заработувајќи 437 милиони долари од неговото прикажување на 3 јули. Со тоа, популарната франшиза стана првиот анимиран серијал филмови во историјата којшто надмина пет милијарди долари приходи, пишува „Variety”.



Пред 14 години, во 2010., беше прикажан првиот филм од серијата. Потоа следат вториот и третиот дел од 2013 и 2017 година, како и уште две претпродолженија со назив „Миниони“ (Minions).

Во новата приказна Гру се соочува со нови непријатели, што го засегнува и неговото семејство... Додека синот Гру Џуниор му го загорчува животот. Улогите ги толкуваат Стив Карел, Кристен Виг, Софија Вергара, Вил Ферел, Стивен Колбер и други познати холивдски ѕвезди.

Извор:  МИА
Објавена на 16.07.2024 16:22:00