Синот на Николас Кејџ уапсен за напад со смртоносно оружје

Синот на американскиот актер Николас Кејџ, Вестон е уапсен вчера за напад со смртоносно оружје, потврди полицијата. Според медиумите, тој е пуштен со кауција од 150.000 долари, а се наведува дека најверојатно Кејџ ја платил кауцијата.



Вестон наводно ја нападнал својата мајка во состојба на „ментално растројство“. Извор близок до семејството вели дека „се очекувало да се случи вакво нешто“, но и дека сите се во шок.

Вестон Кејџ Копола (33), кој исто така е актер, бил приведен три месеци откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон беше видена со модринки на лицето. На крајот на април тие имале вербална расправија, што завршила со физичка пресметка. Тогаш интервенирала и брза помош, но актерката одбила да оди во болница. Полицијата тогаш соопшти дека Вестон го напуштил местото на нападот до доаѓањето на патролата.

Вестон во минатото е лекуван поради проблеми со психичкото здравје.

Извор:  МИА
Објавена на 11.07.2024 15:32:45