Џеј Ло во скромна фаза: Забележана додека патува во економска класа

Џенифер Лопез направи сè за да не привлече внимание на себе додека беше забележана како лета во економска класа на лет кон Париз.



Дивата, која има богатство во вредност од 400 милиони долари, докажа дека сè уште е скромната Џени од маалото, додека патуваше од Неапол, Италија до Париз, Франција.

Фотографиите ја покажуваат 54-годишната пејачка додека лежерно седи до прозорецот на летот на AirFrance - каде цените започнуваат од 134 евра и нема бизнис класа.



Пејачката најпрвин го помина обезбедувањето, за потоа заедно со својот телохранител да се качи во авионот.

Лопез претходно замина на соло одмор во Италија. Според гласините

била во „добро расположение“ за време на нејзиното бегство и покрај тоа што ја прогонуваа гласините за „неизбежен“ развод со актерот Бен Афлек.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.06.2024 13:09:18