Биди дел од зелената револуција на ДФестивал

Под слоганот Биди зелен, не биди „зелен“, овој викенд Пакомак ќе бие присутен на ДФестивал со голем број на промоции и едукативни активности.

Сите посетители на ДФест ќе можат да набават реупотреблива чаша и да добијат попуст на точено пиво. Целта со овие чаши е посетителите да создадат што е можно помалку отпад, но и да добијат соодветен спомен од фестивалот.

Дополнително на голем број на локации, за време на фестивалот ќе бидат поставени контејнери за селектирање на различен вид на отпад, а тимовите на Пакомак ќе едуцираат и ќе им помогнат на посетителите истиот да го селектираат и одложат соодветно.

- На повеќе локации ќе поставиме контејнери за хартија, пластика и стакло, како макети од нашите познати вендинг машини за пластични шишиња и лименки. Нашата цел е да придонесеме на зачувување на околината и да ги поттикнеме граѓаните да рециклираат повеќе. Вообичаено, на големите музички фестивали се акумулира големо количество на отпад, а ние како како водечка компанија за управување на отпадот од пакување, сакаме да дадеме наш придонес и да помогнеме во справување со истиот. Сѐ повеќе во светот се зборува за зелени настани, па сакаме да покажеме дека и ние можеме да фатиме чекор со современите трендови – ни изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Дополнително, за време на фестивалот сите нови корисници кои ќе ја симнат апликацијата Екомак за користење на повратните вендинг машини и ќе селектираат 3 шишиња или лименки до 10 јули во нив, ќе добијат 300 зелени поени за да ги искористат во маркетите. - На сите посетители на ДФестивал, им посакуваме пријатна забава, многу незаборавни моменти и апелираме да не забораваат на природата и околината. Се надеваме дека нашите тимови ќе ги инспирираат посетителите за соодветно третирање на отпадот и дека на крајот ќе можеме да се пофалиме со рекорден број на селектиран и собран отпад од пакување – велат од Пакомак

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.06.2024 16:15:43