Анџелина Џоли, позната холивудска актерка и продуцентка, блесна во полн сјај на 77-то издание на Тони наградите, каде што нејзината претстава „The Outsiders“,беше номинирана дури во 12 категории.
Џоли (49) пристигна на настанот заедно со својата 15-годишна ќерка Вивиен. Вивиен, која беше асистентка на мајка и зад сцената на претставата, гордо стоеше до неа пред фотогафите.
Холивудската ѕвезда изгледаше магично во својата кадифена креација од колекцијата на Версаче, додека Вивиен избра широки панталони и елече во истиот тон, комбинирани со класична бела кошула. И двете блескаа со својот стил и самодоверба.