Бен и Џен: Распад на бракот или маркетинг трик за популарност?

Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек деновиве се топ тема во таблоидите, по гласините дека нивниот брак е на стаклени нозе. Познатата холивудска двојка повеќе не живее заедно, а Лопез пристигна сама на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас“ каде што се појави најслаба до сега.


Интересно е што само еден пред премиерата, Бен и Џен, беа забележани заедно, додека Афлек суптилно им покажа на папараците како е меморирана неговата сопруга во мобилниот телефон.

Иако многумина веруваат дека актерот конечно се освестил и наскоро ќе го прекине бракот со латино дивата, други се убедени дека целата приказна е очаен обид за популарност.



Во последно време кариерата на Џенифер не оди во нагорна линија. Нејзиниот албум „This is me…Now“ не помина најдобро на топ листите, додека турнејата е пред колапс поради скапата цена на картите. Ако кон тоа се придодаде имиџот на арогантна дива, кој го има Џен, нештата не и одат во прилог. Токму затоа и е потребен мал скандал, што повторно ќе го сврти вниманието кон неа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2024 10:49:59