Црна боја -синоним за привлечност и интелигенција
Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.
Обемното истражување на британската интернет-продавница „Вuytshirtsonline” во коешто учествуваa повеќе од 1.000 испитаници, посочува дека црната боја е на првото место.
Поточно, луѓето кои носат црна облека, како мажи, така и жени, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самодоверба.
Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место.Таа најмногу асоцира на ароганција. Црвената е местото бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црната, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците ја поврзуваат црвената облека со интелектот.
Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека пак се сметаат за најмалку привлечни.
Извор: МИА
Објавена на 14.05.2024 14:16:41