Футурама

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Македонски Телеком е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски оператори од страна на „Вработување.ком“, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите , интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“



„Чест ми е да ја прифатам оваа награда во име на секој вреден член на тимот посветен да го направи Македонски Телеком најдоброто место за работа. Ова признание ја одразува посветеноста и напорната работа на нашиот неверојатен тим и ја потврдува нашата одлучност да негуваме средина за поддршка во која секој вработен може да напредува. Тоа, исто така, ја нагласува и нашата постојана заложба да бидеме најдобар работодавач во телекомуникациите, познат по нашиот пионерски дух и посветеност на иновациите.“ – изјави Ставрос Георгакопулос, Лидер за вработени и трансформација во Македонски Телеком.



Титулата „Најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски компании“ во новото дигитално време добива мултиплицирано значење ако се земе предвид силното конкурентско опкружување и природата на самата индустрија. Во такво опкружување, компаниите имаат континуирана потреба од регрутирање нови таленти, за чие привлекување се потребни атрактивни услови за работа и современо работно опкружување во кое напорите на поединецот и тимската соработка и поддршка се препознаени и наградени.

Во Македонски Телеком има извонредни услови за работа на проекти кои се дел од светските телеком трендови, флексибилни можности, можности за континуирано учење и развивање вештини и можности за професионален и личен развој. Во компанијата се негува и култура на отвореност и соработка која ги надминува националните граници.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.04.2024 16:06:00