Рома ќе го задржи Де Роси на тренерското место

На официјалниот сајт на калчолигашот Рома е објавено дека Даниел Де Роси ќе ја задржи тренерската функција.



- Во неговиот краток мандат како главен тренер, позитивното влијание што го имаше врз целиот клуб говори само по себе. Даниеле го води тимот со почит и храброст, а неговата сила и длабока верба во клубот навистина одговараат на вредностите на Рома, градот и навивачите, се вели во соопштението на Рома.

Четириесетгодишниот Де Роси ја презеде Рома во јануари, потпишувајќи шестмесечен договор.

Под водство на Де Роси, Рома одигра 16 натпревари, забележа 11 победи, три нерешени и два пораза.

Рома вечер од 21 часот го пречекува Милан во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар заврши со победа на римјаните 1:0.

Извор:  МИА
Објавена на 18.04.2024 12:27:54