Зеленски: Колебливоста на западните партнери ќе и даде на Русија дозвола за глобален терор

По синоќешните и утринските руски напади врз украинската цивилна инфраструктура претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека на земјата и е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе и даде на Русија „дозвола за глобален терор“.

„Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на платформата Х, додавајќи дека „доколку руските ракети и беспилотни летала „Шахед“ продолжат да ја погодуваат, не само Украина, туку и решителноста на нашите сојузници, тоа ќе претставува дозвола за глобален терор“.

Тој предупреди дека на Украина и е потребна поддршка, а не „вртење на главата и водење долги дискусии“.

Извор:  МИА
Објавена на 11.04.2024 12:17:56