Анчелоти: Родриго беше најважниот играч на натпреварот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали двојниот стрелец во неговиот тим на синоќешниот натпревар (2:0) со Атлетик од 30. коло на шпанското фудбалско првенство.



- Со оглед на тоа што многу играчи се вратија од своите репрезентации по паузата, натпреварот беше тежок. Почнавме многу добро и набрзо го презедовме водството. Во одбраната бевме компактни, делувавме организирано и не ризикувавме. Игравме многу интензивно. Секој во тимот има своја улога. Овој пат Родриго се покажа како најважен играч на натпреварот. Мислам дека тој и Винисиус се многу добри заедно, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Реал Мадрид ја освои третата победа во низа во Ла Лига. Серијата без пораз на Мадрид во шпанското првенство трае 24 натпревари - 18 победи и 6 нерешени.

Со 75 бода избраниците на Карло Анчелоти се на првото место на табелата пред Барселона која има 67.

Извор:  МИА
Објавена на 01.04.2024 10:13:32