Џејмс: Не знам кога ќе се пензионирам

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за завршување на професионалната кариера. Триесет и деветгодишниот Џејмс кој ноќеска во победата (116:104) над Бруклин нетс постигна 40 поени, призна дека крајот на неговата играчка кариера е блиску.

- Малку е веројатно дека сето ова ќе трае многу долго. Не знам кога ќе се затвори вратата и ќе се повлечам, но не ми останува уште многу време, изјави Џејмс.

Џејмс игра во НБА од својата 18-та година. Оваа сезона е негова 21-ва во кариерата.

НБА-ѕвездата на Лејкерс е под договор со клубот до сезоната 24/25.

На средбата со Бруклин, Цејмс постигна девет тројки повторувајќи го својот личен рекорд.

Извор:  МИА
Објавена на 01.04.2024 10:04:34