Нотингем Форест поднесе жалба за одземените четири бода

Нотингем Форест поднесе жалба на одлуката на Премиер лигата да му се одземат четири бода.



На 18 март клубот беше казнет поради прекршување на финансиските правила на лигата.

Раководството на премиерлигашот од Нотингем се надева дека ќе ја докаже својата невиност и со тоа ќе биде поништена казната.

Пред да биде изречена казната, Нотингем Форест беше на 17-то место во поредокот на англискиот шампионат 2023/24 со 25 бода од 29 натпревари. По санкциите клубот падна на 18. место со 21 бод.

Извор:  МИА
Објавена на 26.03.2024 09:35:29