Мбапе може да му плати на ПСЖ дел од бонусот за потпис во неговиот нов клуб

Фудбалерот на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе може да му плати на парискиот клуб дел од бонусот за потпис во новиот тим.



Според „The Athletic“, ПСЖ се надева дека Французинот ќе надомести дел од загубите доколку замине како слободен играч ова лето.

Претходно, 25-годишниот напаѓач одби бонус за лојалност од 80 милиони евра. Тој рече и дека својата иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Европското првенство 2024 година. Турнирот ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Шпанските медиуми објавија веќе дека фудбалерот на лето ќе стане играч на Реал Мадрид.

Оваа сезона Мбапе одигра 37 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 38 гола и осум асистенции. Неговиот договор со клубот завршува летото 2024 година.

Извор:  МИА
Објавена на 25.03.2024 14:40:44