Араухо ќе остане во Барселона и покрај големата понуда од Баерн

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, ќе остане во каталонскиот клуб, објави „Мундо Депортиво“.



Според информациите, раководството на актуелниот шпански шампион смета дека Уругваецот е важен дел од тимот и не сака да го пушти во претстојниот летен преоден рок. Каталонскиот претседател Жоан Лапорта веќе стапил во директна комуникација со играчот за нов договор.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен нуди околу 90 милиони евра за играчот од дефанзивниот ред.

Оваа сезона 25-годишниот Араухо одигра 31 натпревар на кои постигна еден гол. Неговиот актуелен договор со Барселона е до крајот на јуни 2026 година.

Трансфермаркт вредноста на Арухо ја проценува на 70 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 25.03.2024 11:09:23