Лекар пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиника Железара

Лекар синоќа е пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.



Како што информираат од МВР за МИА, според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

- На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

- Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Извор:  МИА
Објавена на 22.03.2024 10:06:57