Чави суспендиран на два натпревара во Ла Лига

Тренерот на Барселона Чави е суспендиран на два натпревара во Шпанското фудбалско првенство поради непримерно однесување на натпреварот со Атлетико Мадрид (3:0), пренесува „Sport.es“.

На натпреварот од 29. коло на Ла Лига во Мадрид, Чави доби две опомени поради расправија со судијата и беше исклучен. Натпреварот се одигра на 17 март.

Чави е суспендиран на два натпревара и тој нема да може да биде присутен на клупата на Каталонците за натпреварите против Лас Палмас и Кадиз.

До дербито со Реал Мадрид на 21 април, Чави ќе се врати на теренот. Барселона моментално е втора на табелата со 64 бода од 29 натпревари.

Извор:  МИА
Објавена на 21.03.2024 14:37:02