Јелена Розга го претстави спотот за „Od cega sam ja“

Јелена Розга го претстави спотот за долгоочекуваната песна „Od cega sam ja“.



Песната е создадена како резултат на уметничката синергија помеѓу Јелена Розга и Иван Хуљиќ. Имено, токму Иван Хуљиќ ги пишува текстот и музиката на песната која ја следи приказната за една ранлива, но и храбра жена која изгледа како да е изненадена од сопствената сила.

-Секогаш е убаво да се работи со некој кој ти ја знае душата, и кој знае колку е важно да останеш доследен на себе. Уживав во целиот процес на создавање на оваа песна, од првите снимени битови до крајот на видеото кое е вистинско визуелно уживање и едвај чекам да ги слушнам реакциите на мојата публика. Сепак, најважна е нивната проценка, возбудено изјави Јелена.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.03.2024 14:29:44