Деко: Не сме разговарале ниту со Клоп ниту со Гвардиола

Спортскиот директор на Барселона, Деко ги отфрли шпекулациите кои се појавија во шпанските медиуми дека му понудиле на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола да го води тимот.



- Одлуката се уште не е донесена, ние сме во процес. Секако, ми се допаѓа Луис Енрике, тој е врвен тренер. Така и Пеп Гвардиола, исто така и Јирген Клоп. Но, овие тренери не се достапни. Исто како Микел Артета. Досега не сме комуницирале со ниту еден тренер, изјави Деко, за „Daily Mail“.

Чави претходно најави оставка како тренер на Барселона на крајот од сезоната 2023/24. Четириесет и четиригодишниот фудбалски стручњак го води каталонскиот тим од ноември 2021 година.

По 29 кола во шпанската фудбалска Ла Лига, каталонскиот клуб е на второто место со 64 бодови.

Извор:  МИА
Објавена на 21.03.2024 13:42:37