Гризман ќе пропушти натпревар со Франција

Францускиот фудбалер Антоан Гризман ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари на неговата репрезентација поради повреда на скочниот зглоб.

Така, 32-годишниот Французин нема да игра за француската репрезентација првпат по 2017 година. Тој одигра 84 натпревари без да пропушти ниту еден натпревар на „триколорите“.

Француската репрезентација на 23 март ќе игра против Германија, а на 26 март ќе се сретне со Чиле.

Извор:  МИА
Објавена на 19.03.2024 12:20:44