Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина за ЗСО и забраната за динари во Косово

Нова рунда од дијалогот Белград - Приштина ќе се одржи денеска во Брисел. Делегацијата од Белград ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.



Петковиќ рече дека ќе има разговори на техничко ниво за сите прашања важни за деескалација, вклучително и Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО) и укинувањето на динарот.

-Темата секако е ЗСО, како прва и основна тема, но и други важни прашања за деескалација, а во рамките на нив, пред се, прашањето за динарот и забраната Србите да земаат плати, пензии во Косово, и се тоа води до хуманитарна катастрофа, изјави Петковиќ.

Претходната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се одржа на крајот на февруари.

Извор:  МИА
Објавена на 19.03.2024 11:11:57