Раперот Слаткаристика со концерт во „ Скопје Ивент центар“ во Скопје прослави 15 години од неговиот прв албум „Слаткаристика будало“.
Во полниот клуб, Марко Маринковиќ започна исто како и пред 15 години, кога како млад рапер ја наполни Метрополис на Скопскиот саем, со истите хитови кои се актуелни и денес: „Фм“, „Шопинг“, „Колку е добро да си рапер“. Интересно е што на концертот имаше и млади и повозрасни, кои Слаткар го слушале кога биле помлади. Имаше и родители со деца, качени на рамењата на родителите, поради големата гужва.
Тони Зен беше еден од гостите на концертот, како дел од екипата на Слаткар од неговото маало Ново Лисиче.
Гостуваа и „Два Бона“, неговиот како што го нарече „брат“ Желе од некогашната хип-хоп група „Токсикологија“ и уште неколку рапери од групата која Слаткаристика ја основа во 2008.
„Сите ме прашуваат зошто правам концерт на 16 март, а не на 15, за 15 години oд албумот. Но, денес ѝ е роденден на мајка ми. Среќен роденден мамо и ти благодарам за целата посветеност“, рече Слаткар и ја повика мајка му на сцената, а таа остана на бината до крајот на концертот.
За песната „Да полетам“ која ја напиша за неговото семејство и растењето како што кажа „без многу пари но со многу љубов“, побара атмосфера и запалки од публиката.Од Канада, специјално за концертот дојде продуцентот Јован Јованов, кој ги напиша првите хитови на Слаткаристика, а тој му се зблагодари на честа.
Слаткар ќе одржи уште еден концерт, следната сабота, на 22 март.
Единствениот естраден магазин “Backstage” беше на лице место, со цел од прв ред ја пренесе атмосферата и се она кое што се случуваше но и да окрие што се случуваше зад сцената.
Погледнете го видеото, повеќе од доволна добра причина зошто задолжително да бидете на 22 март на вториот концерт.