Борусија е подготвена за Санчо да плати 35 милиони евра

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој е позајмен од Манчестер јунајтед, може да остане во германскиот клуб, пишува новинарот Флоријан Плетенберг.



Дваесет и тригодишниот Англичанец би сакал да остане во Дортмунд. Раководството на клубот исто така е задоволно од играчот и е подготвено да плати до 35 милиони евра за целосен трансфер.

Бундеслигашот од Дортмунд го позајми Санчо од Манчестер јунајтед во јануари 2024 година. Фудбалерот на осум натпревари постигна еден гол и две асистенции.

Санчо играше за Дортмунд од август 2017 до јули 2021 година пред да се пресели во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра.

Порталот „Трансфермаркт“ моменталната вредност на играчот од средниот ред ја проценува на 25 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 19.03.2024 10:11:29