Кетрин Мидлон се појави во јавноста: Изгледаше среќно и здраво

Принцезата од Велс е забележана за прв пат откако беше подложена на операција на абдоменот. Според информациите Кетрин Мидлтон била видена како купува со принцот Вилијам во близина на нивниот дом во Виндзор во текот на викендот.



Очевидците велат дека Мидлтон изгледала „среќно“ и „добро“ за време на посетата.

Според таблоидот „The Sun” таа потоа го поминала неделното утро гледајќи ги своите деца како спортуваат,

-По сите гласини кои што се вртеа наоколу, бев запрепастен кога ги видов таму. Кејт беше на шопинг со Вилијам и изгледаше среќно и добро. Децата не беа со нив, но ова е добар знак дека е доволно здрава за да се појави во продавница, вели еден случен купувач.

Кејт беше подложена на „планирана операција на абдоменот“ во Лондонската клиника на 16 јануари. Таа ја напушти приватната болница на 29 јануари - речиси две недели подоцна и се врати дома.

Деталите за нејзината состојба се чуваат во тајност. Кенсингтонската палата претходно соопшти дека нејзината состојба не е поврзана со рак и дека се очекува Кејт да се врати на официјалните обврски дури по Велигден.

По повод Денот на мајката, фотографијата на Кејт со нејзините деца, беше објавена преку официјалниот профил на Твитер на принцот и принцезата од Велс. Но, фотографијата дополнително ги поттикна гласините за состојбата на принцезата, бидејќи беше откриено дека сликата е едитирана.

Кејт јавно ја презеде вината и се извини со изјава на социјалните мрежи, велејќи: Како и многу други фотографи аматери, јас повремено експериментирам со едитирањето. Сакав да се извинам за конфузијата што ја предизвика семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа многу среќен Ден на мајката.

Блиски извори до палатата инсистираа дека „целосно невината“ грешка е обид да се направи семејниот портрет најдобро што може да биде и истакнаа дека Кејт се надева дека проблемот ќе исчезне по нејзиното извинување.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.03.2024 10:06:27