Алкараз го освои петтиот Мастерс во кариерата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз втора година по ред го освои Мастерсот во Индијан Велс, САД. Тој доцна синоќа во финалето го победи Русинот Данил Медведев со 2:0, по сетови 7:6 и 6:1.

Шпанецот ја освои 13-та титула во кариерата (вкупен биланс во финалето 13:4) и петтиот Мастерс (биланс во финалето – 5:1).

Алкараз е првиот тенисер што ја одбрани титулата во Индијан Велс по Новак Ѓоковиќ во 2016 година.

Дваесетгодишниот Шпанецот ја освои 13-та титула во кариерата (вкупен биланс во финалето 13:4) и петтиот Мастерс (биланс во финалето – 5:1).

Вториот светски рекет вторпат по ред го совлада Медведев на турнирот во Индијан Велс.

Извор:  МИА
Објавена на 18.03.2024 09:03:05