Јокиќ: Дончиќ ја заслужи МВП наградата

Во репризата од НБА финалето минатата година, Денвер Нагетс беа сигурни против Мајами Хит со 100:88 на Флорида.

По победата, во која постигна за него скромни 12 поени, Србинот беше прашан за средбата во следните денови со бекот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ.

-Среќен сум кога ќе го сретнам, да се дружиме, да одиме на вечера, но не се подготвувам поинаку во споредба со другите натпревари, вели Јокиќ.

Тој ги прокоментира и шансите на Словенецот за МВП наградата.

-Мислам дека заслужува, одлуката не зависи од мене, вели Јокиќ.

Извор:  МИА
Објавена на 14.03.2024 14:13:09