Науседа до Путин: Никој не се плаши од тебе

Литванскиот претседател Гитанас Науседа денеска му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека никој не се плаши од него, во врска со нападот на рускиот опозиционер во егзил Леонид Волков.



Овој близок соработник на Алексеј Навални бил нападнат од Русија, денеска потврди литванската државна безбедност, пренесуваат британските медиуми.

-Нападот во Литванија очигледно беше планиран од порано и е во врска со други провокации против балтичките држави, рече Науседа.

Извор:  МИА
Објавена на 13.03.2024 13:11:53