Мухамед Али постхумно ќе биде примен во Куќата на славните

Легендарниот боксер Мухамед Али постхумно ќе биде примен во Куќата на славните на „WWE“. Церемонијата ќе се одржи на 5 април во Филаделфија, Пенсилванија (САД).

Мухамед Али се смета за една од најзначајните спортски фигури на 20 век и за најголем боксер во тешка категорија на сите времиња. Беше сопственик на титулата во тешка категорија на списанието „Ринг“ од 1964 до 1970 година. Тој беше неприкосновен шампион од 1974 до 1978 година и шампион во тешка категорија на ВБА и Ринг од 1978 до 1979 година.

Во 1976 година, Мухамед учествуваше во егзибициски „фајт“ меч против јапонскиот борач Антонио Иноки во Токио.

Мухамед Али со родено име Касиус Марселус Клеј Јуниор, почина во јуни 2016 година на 74-годишна возраст.

Куќата на славните на „WWE“ е сала што им оддава почит на истакнатите личности од боречките спортови.

Извор:  МИА
Објавена на 12.03.2024 12:00:16