Спортико: ФИБА и НБА разговараат за создавање на европски клупски турнир

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и НБА разговараат за создавање на клупски турнир, објави „Sportico“.



Според порталот кој опфаќа теми од бизнисот во спортот, двете организации сакаат да создадат европска НБА лига која треба да биде конкуренција на Евролигата.

Во февруари, претставниците на НБА-лигата упатија соодветно барање до инвестициската банка да ги истражи опциите за одржување натпревари со учество на најдобрите тимови во Европа и светот.

Забележано е дека потенцијалниот турнир ќе овозможи заработка до три милијарди долари годишно.

Во моментов турнирите во Европа се одржуваат под покровителство на две организации - Евролигата и ФИБА.

Актуелен шампион во Евролигата е Реал Мадрид кој ја освои 11. титула во клупската историја.

Извор:  МИА
Објавена на 12.03.2024 11:55:25