Не секоја лоша детска навика треба да се занемари

Кога детето е во одредена „фаза“, често се слушаат совети од некој поискусен дека таа „фаза“ ќе помине. Тоа главно функционира правилно, но не секогаш.



Игнорирањето на „благото“ недолично однесување донекаде му покажува на малечкото дека лудориите не привлекуваат внимание. И, тоа е полезно. Тој потег ја намалува веројатноста детето да го повтори тоа непримерно однесување во иднина. Сепак, не треба секоја лоша детска навика да се занемари. Ако сѐ се игнорира, тоа може да доведе до поголеми проблеми. Следат неколку примери.

Ги прекинува возрасните додека зборуваат

Кога дете е видно возбудено и сака да раскаже за важен дел од својот ден и му дозволувате да се вклучи во разговорот, како родител му давате порака дека тоа е во ред. Одобрувањето и терањето да се исчека - тоа го учи детето да се изрази себеси, но и да биде внимателно кон другите луѓе кога зборуваат, објави порталот „Кликс“.

Следниот пат кога детето ќе сака нестрпливо да го сподели тоа што го возбудува, советот гласи: Бидете „зафатен“ родител. Предложете му некои играчки или игри со кои ќе си играат. Ако постојано Ве прекинува, повторно одново и назад во вистинската насока.

Преувеличување

Децата често ќе речат, на пр., дека изеле сѐ што е во чинијата, а се гледа дека храната е едвај допрена. Оваа мала лага не е баш штетна, но сепак - е лага. Со текот на времето, тие ситни лаги најчесто стануваат покрупни.

Битно: Дете на возраст од две до четири години не знае точно што е вистина, но тука некаде почнуваат да осознаваат. Кога детето ќе ја каже вистината, пофалете го. Охрабрете го да биде искрено, дури и ако тоа значи дека може да падне во неволја.

Се прави дека не слуша

Се чини, скоро сите родители го преживеале ова. Не е в ред возрасниот да повторува три или четири пати за да го натера детето да ги собере играчките или да влезе во автомобилот...

Возрасниот е воспитувачот. Ако порано не се справи со тоа, подоцна проблемот само ќе се влоши.

Груба игра

Кога детето во игра ќе удри некого, родителот дејствува и интервентно и превентивно. Но и при „помеки“ потези на агресија, како што е туркање на помалиот брат или сестра, па дури и најмало непоттикнато подвикнување - не смее да се занемари.

Совет: Против агресивното однесување се делува веднаш. Родителот го тргнува детето настрана и му кажува дека тоа не е во ред. Не е в ред да се повреди некого.

Слатки

Можеби е симпатично кога двегодишно дете ќе земе колаче од масата без прашање, но тоа најверојатно ќе се повтори и ќе се повторува. Затоа е важно детето да ги знае куќните правила.

Своеглавост

Често погрешно се мисли дека оној типичен младешки „цврст став“ и бунтовноста се јавуваат во тинејџерските години. Всушност, тоа почнува многу порано. И децата од предучилишна возраст го имитираат однесувањето на родителот за да видат каква реакција ќе добијат. Родителите може да го игнорираат тоа како „само фаза“... Но, ако тоа прерасне во тврдоглавост, инает и своеглавост, кај десетгодишник сѐ тоа многу потешко може да се контролира.

Извор:  МИА
Објавена на 11.03.2024 16:30:08