Кејт Мидлтон во нова теорија на заговор: Каде е прстенот?!

Британската јавност едноставно мора да знае што се случува со нејзината омилена принцеза, Кетрин Милдтон. Откако беше објавено дека сопругата на принцот Вилијам ќе се повлече од своите должности поради оперативен зафат на абдоменот, сите умираат од љубопитност да дознаат што точно се случува зад затворените врати на нејзиниот дом.

Теориите на заговор добија нов пресврт, откако за Денот на мајката, Мидлтон објави фотографија на која позира со своите деца. Фотографијата за кратко предизвика лавина од коментари бидејќи таа не го носи венчалниот прстен на својата рака. За приказната да стане уште побизарна, неколку познати медиуми ја повлекоа фотографијата со објаснување дека најверојатно е дигитално обработена.

 Фановите на Мидлтон за кратко најдоа нелогичности и докази дека тоа е навистина така, па сега постои огромен притисок врз кралското семејство од кое се бара објаснување за тоа што точно се случува во Кејт.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.03.2024 04:30:02