Триумфална оскаровска вечер за Опенхајмер

„Опенхајмер“ трумфираше во ноќта на Оскарите, со дури 7 награди вклучително и онаа за најдобар филм.

Биографскиот филм во режија на Кристофер Нолан за таткото на атомската бомба, Џеј Роберт Опенхајмер, доби награда за најдобар актер, најдобра споредна машка улога, најдобра филмска монтажа, најдобра кинематографија, најдобра партитура и најдобар режисер.

Дизни и и „Poor Things“ освоија четири Оскари, вклучувајќи го оној за најдобра актерка, најдобра шминка и фризура, најдобар дизајн на продукција и најдобар дизајн на костими.

Најдобрата споредна машка улога му припадна на Роберт Дауни Џуниор за улогата на Луис Штраус во „Опенхајмер“, додека неговиот колега Килијан Марфи, ја доби наградата за најдобар актер.

Оскарот за најдобра актерка и припадна на Ема Стоун, која по втор пат освојува награда во оваа категорија.

Режисерката на „Барби“ Грета Гервиг можеби беше отфрлена од категоријата режија, но филмот сепак Оскар за најдобра оригинална песна со „What Was I Made For?“ од Били Ајлиш и Финес О'Конел.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.03.2024 04:10:48