Црвен тепих на Оскарите 2024: Погледнете како изгледаа ѕвездите

Прекрасно или екстремно здодевно?! Проценете сами.

Црвениот тепих на Оскарите отсекогаш важел за место каде што треба да се покажат најдобрите и највпечатливите модни креации. Впрочем што е Холивуд без добро препознатливиот гламур? Сепак, во последниве години, се поретко гледаме креации од кои што ќе ни застане здивот.

Овогодишното издание на Оскарите помина без поголеми изненадувања, како во доделувањето на златните статуетки, така и во изборот на креации со кои се позираше на црвениот тепих.

Зендаја остана верна на својот стил во фустан од колекцијата на Giorgio Armani Privé, додека филмската Барби, Маргот Роби, спротивно на очекувањата овој пат се определи за црна креација.

Ѕвездите на Опенхајмер, Емили Блант и Флоренс Пју си поиграа со светлите нијанси, а оскаровката Ема Стоун ја канализираше својата верзија на Бела Бакстер во фустан со необичен крој во минт боја.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.03.2024 04:00:50