Омнибус

Дали можеш да ја прошеташ Европа со Red Bull како единствена валута?

Патување низ Европа без новчаник и мобилен? Постои такво нешто?

Се работи за Red Bull Can You Make It? - 7 дневно патување низ Европа кое дефинитивно ќе ти го промени животот, без потрошен денар!



Ова е натпревар во кој трочлени тимови од повеќе од 60 држави патуваат 7 дена низ Европа, користејќи само Red Bull лименки како единствена валута. Патувањево ги тестира креативноста, авантуристичкиот дух и снаодливоста на тимовите, притоа поставувајќи едно главно прашање – Can You Make It?

Во текот на една недела, избраните тимови, составени од три члена, ќе патуваат илјадници километри низ Европа, започнувајќи од стартните точки во Будимпешта, Амстердам, Милано, Барселона и Копенхаген, трампајќи Red Bull лименки по пат сè со цел да стигнат до крајната точка - Берлин. Целото патување е исполнето со најразлични предизвици кои го прават секој ден позабавен од претходниот.

До сега, во изминатите изданија на натпреварот, учесниците имаат успеано да направат најлуди трампи за да добијат најразлични работи. Дел од нив се: 2 Red Bull лименки за 3 карти за фудбалски натпревар од лига на шампиони, 8 лименки за лет со хеликоптер, 18 лименки за ноќевање во претседателски апартман во хотел со 5 ѕвезди.

За пријава потребно е најпрво да се оформи трочлен тим и да се сними едноставно, креативно и забавно видео од 60 секунди, во кое тимот на интересен начин ќе покаже зошто треба да биде избран за оваа незаборавна животна авантура. Потоа, истото треба да се прикачи на https://www.redbull.com/mk-mk/events/red-bull-can-you-make-it-north-macedonia, а тимот со најдобро видео ќе биде одбран да ја претставува Македонија на овој натпревар. Пријавите за се отворени до 31 март, 2024, за сите жители на Македонија постари од 18 години. Избраните тимови ќе бидат известени најдоцна до 15 април, 2024.

Дознај ги сите информации и пријави се на https://www.redbull.com/mk-mk/events/red-bull-can-you-make-it-north-macedonia

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.02.2024 15:23:44