Дојче Телеком на интересен и креативен начин ќе го претстави својот слоган „Connecting your world“ на овогодинешниот Светски конгрес за мобилна технологија (MWC) 2024 во Барселона. Слоганот е синоним за врвни иновации, возбудлива забава и позитивно искуство со брендот. Преку архитектурата на штандот посетителите ќе поминуваат низ различни тематски области коишто го поткрепуваат клучното ветување на Групацијата: Телеком е доверлив и иновативен придружник на корисниците во дигиталниот свет.
Презентацијата на брендот е целосно во духот на фудбалската 2024 година: Телеком е давател на мрежа, национален спонзор и носител на правата за телевизиското емитување на ЕУРО 2024. Централниот дел на презентацијата на саемот го зазема извонредната, интерактивна 3D LED инсталација „Телеком супер фудбал“, а најдобрите играчи на денот можат да освојат билет за ЕУРО 2024. Ѕвезда гостин во Барселона е Илкај Гундоган, капитенот на германската фудбалска репрезентација.
„Mobile World Congress е годишен мерач на пулсот кога станува збор за дигитализација. Докажуваме и покажуваме дека нашата технолошка експертиза е нераскинливо поврзана со потребите на општеството и животната средина“, вели Антје Хундхаузен, Раководител на одделот за искуство со брендот во Дојче Телеком. „Инспиративниот дизајн и забавата не се занемарени. Мој фаворит на MWC 2024 е „Телеком супер фудбал“, возбудливо гејмерско искуство коешто веќе ни отвора апетит и не тера со нетрпение да го очекуваме ЕУРО 2024!“
Дојче Телеком ги отвора вратите за ВИ
Мега темата – вештачка интелигенција (ВИ) повторно ќе го заземе централното место и во 2024 година. На штандот на Дојче Телеком ќе се претставуваат различни погледи во иднината. Со „Magenta AI“: со „Концепт Т“, компанијата презентира верзија на рутер на иднината. Користејќи три дизајнерски студии како примери, покажува како новите технологии би можеле да се спојат со класичен рутер.
Уште еден пример се паметните телефони без апликации: заедно со Qualcomm и Brain.ai, Дојче Телеком претставува визионерски концепт за телефон со ВИ. Асистентот базиран на вештачка интелигенција ги заменува безбројните апликации на паметниот телефон. За изложбата, на T Phone на Телеком, се интегрирани примери што веќе можат да се користат. Телефонот преку ВИ ќе може да резервира летови и хотелски соби, а со помош на гласовни команди да испланира шопинг, да направи видео или да уреди фотографии.
Доверлив партнер на луѓето, индустријата и животната средина
Областа „Глобални деловни платформи“ покажува како дигитализацијата истовремено ги унапредува приватниот и јавниот сектор во Европа: сателитското поврзување сега е достапно и за глобалниот Интернет на нештата. Ова може да се користи, на пример, за апликации во оддалечени области со слаба покриеност со мобилна телефонија, коишто се применуваат во земјоделството или во соларните и ветерните електрани. На саемот ќе бидат прикажани и најновите развојни случувања и примери за примена на мрежни API, 5G и видео продукција со користење на предностите што ги нуди 5G мрежата со поделба на повеќе независни виртуелни мрежи.
Сегментот „Отпорни мрежи“ е двигател на напредокот: токму во овој сегмент Дојче Телеком ги демонстрира своите стабилни мрежи со високи перформанси. Покрај новото, револуционерно безбедносно решение од „облак“, направена е надградба и на „преносната базна станица“, а сето тоа ќе може да се види и искуси и на ЕУРО2024.
Посебни теми на MWC
Повеќе информации за поединечните теми можете да најдете на www.telekom.com/mwc.
Проследете го воведното обраќање на Магента
Останете во тек за да добиете повеќе информации. Клаудија Немат ќе известува во живо од Барселона со „Воведното обраќање на Магента“ на 26 февруари во 14:00 часот.
Преносот можете да го следите на www.telekom.com/medien.
Посетете не - во Барселона или онлајн
Искусете ги нашите производи и услуги во живо. Од 26 до 29 февруари 2024 година, Дојче Телеком ќе го најдете во Сала 3 на штандот 3M31. Со нетрпение ве очекуваме.
Сите настани ќе се пренесуваат во живо.
Сценска програма и настани: https://mwc.telekom.com