Зендаја во својата најсмела креација на премиерата на „Dune:Part 2“

Зендаја знае како да го привлече вниманието кон себе, како во изборот на филмските улоги, така и во изборот на фустани во кои што се појавува на црвениот тепих.



Овој пат сите очи се вперени во нејзината футуристичка креација која ја носеше на лондонската премиера на „Dune: Part 2“. Станува збор за смело модно парче од есен/зима колекцијата на Мулер од 1995-та година.

Актерката најпрвин зачекори по песокот во роботскиот костим, за потоа да се пресоблече и повторно да се појави пред фотообјективите во покомфорна црна креација од истиот бренд.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.02.2024 11:33:40