Омнибус

Момче од Неготино кое ја растеше косата 7 години сега ја донира за перика за деца болни од рак

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак.

Станува збор за 11 - годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.

- Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски.



Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.

Марио Стојановски е ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур" во Неготино.

Фото : ,,Бубо"  Неготино

Извор:  МИА
Објавена на 16.02.2024 10:17:57