Време е за инспирација! А, новата Motorola Edge 40 Neo во Peach Fuzz боја изработена од веганска кожа, несомнено ќе ве натера храбро да зачекорите во светот на трендовите со овој уникатен смартфон.
Искористете ја февруарската онлајн промоција на Македонски Телеком и надополнете го вашиот елегантен имиџ со овој must-have модел.
Peach Fuzz оваа година е избрана за боја на годината од страна на Pantone Colour Institute. Кадифената праска нијанса, која го отсликува чувството на заедништво и соработка, е како создадена за љубителите на нежните тонови и модерната елеганција.
Токму затоа новата Motorola Edge 40 Neo во неодоливата Peach Fuzz боја е синоним за префинетост и топол контрасен дизајн, кој ги буди сетилата и ја разгорува имагинацијата.
Новиот модел ги вклучува најновите софтверски понуди на Motorola, Moto Unplugged и Family Space. Moto Unplugged се фокусира на важноста да правиме паузи од нашиот уред за да бидеме поприсутни со себе и со оние околу нас, додека Family Space ги охрабрува семејствата да ја истражуваат технологијата.
Повеќе детали за карактеристиките на моделот погледнете на следниот линк.
Воедно заследете ги и Facebook и Instagram профилите на Македонски Телеком за секогаш да бидете во тек со актуелните понуди и промоции.