Премиера на „Deadpool & Wolverine” во јули

Пo шест години, на големиот екран се враќа можеби најпопуларниот „анти-херој“ во светот на суперхероите - „Deadpool“, кој го глуми Рајан Рејнолдс.

Продукциската куќа „Марвел“ го објави првиот трејлер за третиот од серијалот филмови, под наслов „Deadpool & Wolverine” којшто собра повеќе од 7,4 милиони прегледи во првите 12 часа.

Откако „Дизни“ го купи студиото „Фокс“ во 2019 година, коешто ги имаше правата на филмовите „X-Men” и „Deadpool“ мутантите и циничниот (анти)суперхерој официјално се приклучија кон „Универзумот на „Марвел“.

Новиот филм го режираше Шон Леви. Прикажувањата во кино се закажани за 26 јули, оваа година.

Извор:  МИА
Објавена на 12.02.2024 14:17:46