Илон Маск изјави дека неговата компанија Neuralink успешно вградила чип имплант во човечки мозок.
Во објавата на X мрежата, милијардерот рече дека пациентот добро се опоравува по операцијата во неделата и првичните резултати се ветувачки.
Neuralink има за цел да го поврзе човечкиот мозок со компјутер и ќе помогне во справувањето со невролошките состојби и „да го отклучи идниот човечки потенцијал, според веб-страницата на компанијата.
Медицинскиот регулатор на САД, Управата за храна и лекови (ФДА) го одобри првото тестирање на компанијата уште во мај минатата година.
Постапката која беше изведена сега вклучува вметнување на 64 флексибилни нишки на дел од мозокот кој ја контролира намерата за движење.
Конците се толку фини што мора да бидат вградени со помош на робот. Нишките потоа му дозволуваат на имплантот да снима и да пренесува мозочни сигнали до апликација, која потоа декодира како личноста одлучува да се движи.
Имплантот се напојува од батерија која може да се полни безжично. Маск истакна дека првиот производ на Neuralink ќе се вика „Telepathy“.
Тој рече дека „Telepathy“ овозможува „контрола на вашиот телефон или компјутер и преку нив речиси секој уред, само со размислување“ и дека „првите корисници ќе бидат оние кои ја изгубиле употребата на своите екстремитети“.
Neuralink не е првата компанија која вградува мозочни чипови. Американската технолошка компанија, Blackrock Neurotech започна со имплантација на интерфејси на мозок-компјутер во 2004-та година.