Рајан Гослинг нема да се откаже од номинацијата за Оскар

Рајан Гослинг нема да потклекне пред притисокот и да ја изгуби номинацијата за најдобра споредна машка улога на овогодинешното доделување на Оскарите и покрај повиците од обожавателите ширум светот.



Актерот е номиниран на 94-тото доделување на Оскарите за улогата на Кен во хит филмот „Барби“. Сепак, неговата колешка Маргот Роби (33) и режисерката Грета Гервиг (40) не ја добија оваа привилегија.

Во вторникот, Рајан го изрази својот бес што Академијата ги заборавила неговите колешки, но и покрај тоа извори блиски до актерот откриваат дека тој нема да се откаже од својата номинација во знак на протест.

Гослинг знае дека луѓето се вознемирени затоа што и тој е вознемирен, но нема да биде покосен од она што некој го пишува на интернет.

Рајан е почестен што е номиниран и што филмот е номиниран.

-Во случај да победи или ако настапи со „I'm Just Ken”, тој ќе ги испочитува Маргот и Грета на еден или на друг начин, вели изворот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 26.01.2024 11:06:46