Дунавка Трифуновска: Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме? Во новото издание на „Нешто конкретно“ зборуваме на оваа тема, а нашите гости искрено ги споделуваат своите искуства на истата.



Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели случката каде нејзината пријателка и ги отворила очите во врска со него. Таа ќе раскаже и во какви односи е со неа сега. Вели дека никогаш не е без партнер затоа што и љубовникот го смета како таков, а за злите јазици додаде „Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата“.

Во емисијата гостуваа и Ленин Јовановски, Наташа Малинкова како и Дарко Спејко кој со голема самодоверба истакна дека не се плаши од неверства затоа што е сигурен оти неговата девојка го има најдоброто крај себе.

Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.01.2024 12:26:17