На војвотката од Јорк и е дијагностициран рак на кожата

На војвотката од Јорк, Сара Фергусон, и е дијагностициран малигнен меланом по отстранувањето на канцерогена бенка за време на третманот за рак на дојка.



-На Сара Фергусон и беа отстранети неколку бенки и анализирани додека имаше реконструктивна операција по мастектомија, истакна нејзиниот портпарол.

Војвотката „останува добро расположена“, и покрај тоа што е „вознемирувачко“ да има уште една дијагноза на рак.

Таа е трета кралска личност која најави медицински проблем во изминатиов период.

-Нејзиниот дерматолог побарал да бидат отстранети и анализирани неколку бенки во исто време кога војвотката била на реконструктивна операција по нејзината мастектомија, а една од нив е идентификувана како канцерогена. Таа е подложена на понатамошни анализи за да се осигура дека болеста е фатена во рана фаза.

Веста за болеста на Фергусон, доаѓа само неколку дека откако кралското семејство објави дека принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, имала операција на абдоменот, а кралот Чарлс Трети се подготвува за „корективна процедура“ за зголемена простата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.01.2024 11:03:28