Кетрин Мидлтон полека закрепнува по операцијата на абдоменот

Кетрин Мидлтон полека закрепнува откако беше оперирана во Лондон.



Принцезата од Велс, помина втора ноќ во болница по операцијата на абдоменот додека Вилијам, нејзините родители, братот и сестрата ги откажаа своите обврски за да го поддржат нејзиното закрепнување и да се погрижат за Џорџ, Шарлот и Луис.

Изворите целат дека Кејт е во добра здравствена состојба по оперативниот зафат во Лондонската клиника во Мерилебон. Сепак и понатаму останува мистерија за каков тип на операција станува збор и зошто ќе остане во болница околу две недели.

Се очекува Кејт да се врати на јавните настани дури после Велигден, со што сите планирани патувања и турнеи ќе мора да бидат откажани.

„Големата тројка“ на кралското семејство во периодов ќе се повлече од очите на јавноста бидејќи Бакингемската палата вчера откри дека кралот Чарлс Трети ќе оди во болница следната недела за да направи „корективна процедура“ за зголемена простата.

Информациите за здравствените состојби на Кејт и Чарлс беа објавени на 90 минути една од друга, при што палатата Кенсингтон беше прва во 14 часот, а потоа Бакингемската палата следеше во 15:30 часот.

Според соопштението за јавноста, принцезата од Велс не била итно пренесена во болница, туку станува збор за планирана операција.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.01.2024 11:51:07