Шенон Доерти: Имам листа од луѓе кои не ги сакам на мојот погреб

Шенон Доерти отворено разговараше за нејзините специфични желби кога станува збор за нејзиниот погреб. Актерката, која моментално се бори со ракот, во подкастот „Let’s Be Clear“ откри дека има „многу луѓе“ кои не би сакала да се појават на нејзиниот погреб.



-Има многу луѓе за кои мислам дека ќе се појават, а не ги сакам таму. Не ги сакам бидејќи нивното појавување не е од најдобра причина. На пример, тие навистина не ме сакаат, но ќе го направат тоа, бидејќи тоа е политички коректна работа и нема да сакаат да изгледаат лошо, објасни таа.

Педесет и две годишната актерка истакна дека своето заминување го замислува како „празник на љубовта“.

-Не сакам луѓето да плачат, а во себе да си мислат: „Фала му на Бога што повеќе ја нема!”

На ѕвездата од „Беверли Хилс, 90210“ првпат и беше дијагностициран рак на дојката во 2015-та година. Откако болеста беше во ремисија, ракот се врати во стадиум 4. Минатата година, Доерти откри дека нејзиниот рак метастазирал и се проширил на мозокот, а потоа и во коските.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.01.2024 15:09:44