Селена Гомез во впечатлива креација од Оскар де ла Рента

Селена Гомез годинава се издвои на листата на најдобро облечени ѕвезди на Еми наградите.



Познатата пејачка, која успешно се покажа и во актерските води, позираше на црвениот тепих во впечатлива креација од Оскар де ла Рента.

Иако многумина ја критикуваат нејзината тежина, Гомез покажа дека воопшто не е засегната од коментарите и дека е горда со своите облини. Изгледот беше надополнет со накит од Tiffany & Co. и сандали од италијанскиот бренд Rene Caovilla.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.01.2024 14:17:04