Кој би рекол дека Џоан Колинс има 90 години?!

Дамата Џоан Колинс ги воодушеви присутните на доделувањето на Еми наградите кое се одржа во центарот на Лос Анџелес.



Деведесет годишната актерка блесна на сцената заедно со Тараџи П. Хенсон додека ја доделуваа наградата за антологиска серија.

Ѕвездата на култната „Династија“ избра бледо сина тоалета украсена со светки, а изгледот беше комплетиран со дијамантски накит и нејзиниот препознатлив црвен кармин.

По појавувањето на сцената на „X“ мрежата следеше лавина од коментари како неверување на возраста на актерката. Некои дури и се пошегуваа дека Колинс мора да е вампир, штом изгледа толку добро на 90 години.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.01.2024 12:11:46