Нова сезона на „Вистински детектив: Ноќна земја“ на HBO

Новата сезона на HBO Original серијата „Вистински детектив: Ноќна земја“ (True Detective: Night Country), со оскаровката, Џоди Фостер и Кали Рис во главните улоги, од денес е достапна на HBO Max стриминг плаформата. Премиерата на HBO каналот е денес во 20 часот.

Како што започнуваат повеќемесечните зимски ноќи во Енис, Алјаска, осум научници кои управуваат со истражувачката станица Тсалал на Арктикот исчезнуваат без трага.

За да го решат комплексниот и енигматичен случај, детективките Елизабет Денверс (Фостер), цврста и бескомпромисна началничка на полицијата во Енис, и Еванџелин Наваро (Рис), поранешна членка на маринците која сега служи како државна полицајка во Алјаска, мора да се соочат со мракот што го носат во себе - и да копаат во проколнатите вистини закопани под вечниот мраз.

Новата сезона ја сочинуваат шест епизоди, а во главните улоги настапуваат Џоди Фостер, Кали Рис, Фин Бенет, Фиона Шо, Критофер Еклстон, Избела Стар Леблан и Џон Хокс. Во гостински улоги ќе се појават Ен Ламби, Ака Нивијана, Џун Тиел, Дајен Бенсон и Џоел Д. Монгран.

Режисерка, сценаристка и извршна продуцентка е Иса Лопез. Останати извршни продуценти се Џоди Фостер, Мери Џо Винклер, Бери Џенкинс, Адел Романски и Марк Сирјак за PASTEL, Крис Манди, Алан Пејџ Аријага, Стив Голин, Ричард Браун, Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Кери Фукунага и Ник Пицолато. Продуценти се Принсес Дазраи Џонсон, Кети Тагнак Рексфорд и Сем Брекман.

Првите три сезони на оваа наградувана HBO Orignal серија се достапни на HBO Max стриминг платформата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.01.2024 15:19:03