Повторно „краток спој“ меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез

За време на „шопинг-тура“ со сопругата Џенифер Лопез во продавница за накит деновиве на францускиот карипски остров Сан Бартелеми, Бен Афлек изгледал како „да врие однатре“, слично како и неколкупати досега кога e уловен од папараците. Размените на огорчени погледи и искрите меѓу нив двајца биле „краток спој“, којшто сепак, кусо траел, раскажува неименуван извор за „In Touch”.



-За неколку минути таа ја стивна состојбата и работите се смирија. Бен обично е среќен и го прифаќа она што неговата сопруга го сака, како излегување и фотографирање, но има мигови кога тој ја достигнува својата точка на вриење, вели извор близок до двојката.

Според наводите, Џенифер и Бен се двајца неверојатно страствени личности.

- Поминаа 18 години откако нивната прва свршувачка пропадна. Оттогаш, тие се борат да ги избегнат истите стапици и да направат бракот да им успее. Првиот пат кога беа заедно, нивната врска не можеше да се справи со притисоците на рефлекторите, а истите тие прашања почнуваат повторно да ги напаѓаат, појаснува изворот.

Сепак, се чини дека Џенифер е решена да не му дозволи да залута премногу.

-Не само што четвртиот развод би бил крајно понижувачки за неа, туку таа навистина верува дека Бен е љубовта на нејзиниот живот. Сè на сè, нивните семејства прекрасно се споија, а нивните деца се зближија, додава изворот.

Извор:  МИА
Објавена на 12.01.2024 13:25:55