После изјавата на Марија Луиса Снеже Велков замоли да се прекине снимањето

Новогодишното издание на Нешто Конкретно ја донесе темата Дали Кафаната е Институција разгледувајќи ги типичните кафански феномени и активности.



Гостите-одбрано друштво за муабет секој со своето искуство на темата едни од страна на гости други од страна на изведувачи.

Наумче Мојсовски како претставник на "Виновниците"за многу ракии испиени и пива средени после победите на Ракометната Репрезентација беше ставен на предизвикот:Што е по срамота жена ти или селекторот да дојде да те изнесе од кафана?

Мијата пак која работи како контролор на летање беше прашана дали го контролира пиењето на сопругот во кафана на што таа одговори:Ниту еден маж не смее да си дозволи жена му да го стави под свое т.е да го стави под сукња,оти кафаната е еден вид докажување на машкоста.

Боби Павлоски кој беше прогласен за доктор на живите свирки чии настапи лечат и стари и несреќни љубови, заклучи-мажите се постиснати за бакшиш кога се со жените.

Пејачката пак Марија Луиса која е позната како кралица на бакшишот ги раскажа своите искуства со жени кои си ги прибираат мажите од кафана, а имаше и неочекувана изјава во врска со давањето пари на изведувачите заради која Снеже замоли да се прекине снимањето.

Што се случи понатаму гледајте ја епизодата:

Извор:  0
Објавена на 03.01.2024 15:38:09